БЕСА не се враќа кај СДСМ?

БЕСА официјално одбива да коментира дали и по пресудата да нема прегласување во Желино ќе остане дел од инцијативата на опозицијата за соборување на Владата предводена од СДСМ, иако неофицијално, партиски структури брифираат дека БЕСА не се враќа во иста коалиција во која е и ДУИ.

 

Прашан дали неговата партија ќе остане во Владата, лидерот Касами за ТВ21 одбегна одговор, коментирајќи дека има работа како градоначалник во Тетово.

„Денеска треба да го средам проблемот со отпадот во Тетово“ – рече Касами.

Огнот во мнозинството го разгоре токму одлуката на Државната изборна комисија да има прегласување во Желино, општина која на локалните избори ја освои БЕСА. Веднаш по оваа одлука на ДИК, партискиот Генерален секретар Аријанит Хоџа на социјалните мрежи напиша дека БЕСА е родена во Желино и дека Желино може да ја сруши Владата.
Наредниот ден излезе на прес конференција и порача дека и во случај Управниот суд да ја прифати тужбата на БЕСА и да нема прегласување во Желино, тој си заминува од министерската позиција.
Рече дека ДУИ подолг период и забива нож во грбот на БЕСА и дека е беспредметно неговата партија да остане во таа коалиција. Истиот ден доцна попладнето БЕСА се потпиша на иницијативата на опозицијата и тоа веднаш под потписите на пратениците на Левица.

 

09.11.2021 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега