Бесплатно паркирање во Скопје во зоните А, Б, Ц и Д - проверете кога и каде

На 1 и 8 јануари, односно Нова година и прв ден Божик, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата, известуваат од јавното претпријатие.

Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нагласуваат дека редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:

-Зона А0- Водно,

-Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и

-Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им ги честита новогодишните празници со желби за добро здравје, мир и благосостојба.

29.12.2023 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега