Без струја делови од неколку скопски општини

„ЕВН Македонија“ известува дека, денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општините Илинден, Сарај, Студеничани и Сопиште.

– во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата 32, ДХЛ, „Ванекс“, „Феликс“, „Ролопласт“, „РСЕ оптима“, „Виор Белви“, мотелот „Белви“, „Чеза комерц“, „Пл логистик“, „Вискал Пела“, „Овалекс“ и „Јакомо техноцентар“, како и потрошувачите на населбите Белви и Белви 2 во општина Илинден;

– во периодот од 10 до 12 часот дел од корисниците од селото Семениште во општина Сарај;

– во периодот од 9 до 12 часот дел од корисниците од селото Студеничани, улица 3, десна страна кон излезот за селото Морани) во општина Студеничани;

– во периодот од 9 до 14 часот дел од селото Добри Дол, по мостот, кон вулканизерот во општина Сопиште.

21.12.2023 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега