Без струја и вода делови од Скопје

ЈП Водовод и Канализација извести дека прекин на водоснабдувањето ќе има во делови од општините Сарај и Гази Баба.

Поради отпочнување со реконструкција на ПС Сарај (прва фаза), ќе имаат прекин на водоснабдувањето во населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија во општина Сарај, во периодот од 9:30 до 18:00 часот.

Во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите и комплетно електромоторните погони на поле број 3 и поле број 4.

Поради замена на затварач Ф100мм. на Улица Душан Таскович 45 од населба Железара во општина Гази Баба, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општината Карпош.

Во периодот од 11:30 до 15.00 часот, корисниците од дел од улица Струшка, бр. 1 до бр.15 во општина Карпош ќе немаат електрична енергија.

07.02.2024 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега