Битиќи: Заев во моментов им треба на општеството и на државата

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи пред почетокот на Централниот и Извршниот одбор во кратка изјава за медиумите рече дека раководството на партијата ќе се подготвува за четврток бидејќи, како што рече, пред нас се големи предизвици и општествени и економски.

Прашан за најавената оставка на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, Битиќи рече дека тоа демократски чин.

-Ние мора да се навикнеме на такви демократски чинови, но не значи дека премиерот Заев не ни треба. Сметам дека он во овој момент треба за општеството и треба за владеењето во државата и понатаму. Така што не знам дали денеска на дневен ред ќе расправаме за неговата оставка, но сметам дека има побитни теми. Енергетската криза, економската криза, пандемијата која што очигледно има нов бран и секако севкупниот предизвик во којшто државата се наоѓа, рече Битиќи.

Рече дека раководството на партијата не бега од одговорност за поразот на локалните избори бидејќи пораз на претсеадтелот ќе значи и оставка на целото раководство. Вели дека сѐ уште е рано да се размислува за нов лидер на СДСМ.

09.11.2021 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа