Битолчани краделе кафемати и нафта, тројца уапсени

 


Полициски службеници од СВР Битола денеска во 01.40 часот, ги лишиле од слобода П.В.(18) Ј.Д.(18) и еден малолетник, сите од Битола.

МВР соопшти дека тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на кафемати на повеќе места на подрачјето на Битола и кражба на нафта од автобус.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

06.05.2025 - 16:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега