Блинкен побегна а јас сум тука, тие се кукавици, се плашат од разговори, вели Лавров

Говорот на колегите министри на Самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата, порача на денешната прес-конференција првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Лидерите на Западот, рече Лавров, ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ.

„Македонскиот претседавач Бујар Османи промовираше многу добар слоган, „Се работи за народот“, но вчера за време на работниот ручек им кажав на колегите, верувам дека се работи за луѓето, но за сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен од резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група на луѓе, не за сите“, истакна Лавров.

Околу информациите кои деновиве беа присутни во јавноста за средбата со Блинкен, Лавров со одговор:

„Блинкен го одбегна митингот, а јас сум тука, не го видов тука, но Захарова ми покажа две различни фотографии во македонските весници. Првата од синоќа кога сите дојдоа на вечера, тие се сликаа со Блинкен и тоа го направија за да кажат дека сите дојдоа, освен Лавров.

Од вчера од утринската сесија на која бев и јас, на сликата немаше украински министер, немаше полски. Тие се кукавци се плашат од разговори тука пред сите. Ова е кукавичлок, поминаа две години од оваа војна и видовме дека никој немаше аргументи за војната“, додаде Лавров.

Тој на прес-конфренецијата упати и критики како за западот така и за новинарите.

Рече дека е разочаран оти новинарите го прашувале „кога ќе ја запрете војната“, бидејќи според него тоа не е војна.

01.12.2023 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега