Фото Галерија: Само пепел остана од возилата во автосервисот во Пинтија

 

Пеплосани автомобили, уништен објект и уништена ограда. Ваква е сликата денеска во автосервисот во Пинтија кој вчера беше запален од страна на лице во бел дуксер и качулка.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но повеќето автомобили кои биле паркирани во дворот на автосервисот се пеплосани.

На видео снимка од инцидентот може да се забележи како непознато лице со туба бензин ги полева и ги пали автомобилите.

Пожарот предизвикал голема материјална штета. 

Рано утрово пред 4.00 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со  8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот.

16.09.2025 - 11:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега