Болеста „Син јазик“ стави клуч на Добиточниот пазар во Трубарево
ЈКП „Гази Баба 2007“ ги известува сите сточари, трговци и угостители, дека Добиточниот пазар во Трубарево утре нема да работи.
– Причината за затворање на пазарот е појавата на болеста „Син јазик” кај говедата, овците и козите. Согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пазарите нема да работат се додека трае оваа епидемиолошка состојба – соопшти Општина Гази Баба.
20.07.2020 - 18:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа