Бритни Спирс го загуби своето бебе

Бритни Спирс го загуби своето бебе само неколку недели откако објави дека чека дете со својот вереник.

Веста беше потврдена на „Инстаграм“.

-Со најголема тага соопштуваме дека го загубивме чудесното бебе во раната бременост. Тоа е трагедија за секој родител. Можеби требаше да почекаме уште малку пред да се објави бременоста, но бевме премногу возбудени и ја споделивме веста. Нашата љубов е нашата сила. Ќе продолжиме да се трудиме да го прошириме нашето прекрасно семејство. Ние сме благодарни за вашата поддршка. Се молиме за приватност во овие тешки моменти,  напишала пејачката.

Коментарите за поддршка само доаѓаат, а се огласи и нејзиниот вереник Сем, кој рече дека „наскоро ќе се случи ново чудо“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

16.05.2022 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега