Брнабиќ: Беше планиран атентат врз Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денес дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека наводите за прислушкување на Вучиќ и аферата „Јовањица“ се обиди за државен удар.

-Тоа беше планирано долго и детално. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) се формираа паралелни структури и се водеа кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа медиумите во регионот со цел да се дехуманизира Вучиќ и од него и неговото семејство да се направи криминален клан, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа кажа дека атентатот на Вучиќ бил планиран на откривањето на Споменикот на Стефан Немања во Белград, на 27 јануари годинава, но не наведе детали и зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.

-Да го застрелаа Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно: „Кој знае во што се вмешани тој и неговото семејство“. Во МВР имаше многу тоа. Монструозно е колку добро беше поврзана таа мрежа, истакна Брнабиќ.

Таа нагласи дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и дека нема да бидат заштитени без разлика на „име и презиме, функција и партиска припадност“. 

 
24.10.2021 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега