Брзо ја заборави и веднаш ја замени: Поранешниот на Вергара не ја крие љубовта со убавицата која е 13 години помлада од него

Едно од најголемите изненадувања меѓу познатите парови минатата година беше разводот на Софија Вергара и Џо Манганиело, кои се разделија по седум години брак, а важеа за „совршена“ двојка.

Двајцата имаат нови партнери, а актерот неодамна на Инстаграм ја официјализираше врската со Кејтлин О’Конор, која е 13 години помлада од него, што воедно е и негова прва романса по пропаѓањето на љубовта со позната актерка.

Џо Манганиело и неговата нова партнерка неодамна започнаа заеднички живот, а тој објави заедничка фотографија по повод Денот на вљубените. Изворите велат дека двајцата се многу заљубени.

Манганиело пред неколку месеци за прв пат се појави со Кејтлин О’Конор на црвениот тепих. Овој пар присуствуваше на галата на Фондот за деца на Ерменија (COAF) во Ципријани во Њујорк, тој настап беше чекор понатаму кон посериозна врска, но и формално официјализирање на нивната љубов.

Џо (47) и 13 години помладата Кејтлин О’Конор позираа прегрнати на црвениот тепих. А според веб-страницата на церемонијата, на актерот синоќа му била врачена награда за хуманитарна работа.

Манганиело поднесе барање за развод од колумбиската актерка во јуни 2023 година, седум години по нивната венчавка. Таа откри дека една од причините за разделбата е што тој сакал да имаат деца, а таа била спремна да стане баба, а не да раѓа уште едно дете.

 

22.02.2024 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега