Четири потврдени случаи со Делта сој во Македонија, за други четворица се чека резултат

Велешанец, кој не бил вакциниран е четвртиот пациент кој е заболен со делта сојот на коронавирусот во Македонија. Уште четворица пациенти се испитуваат и се чекаат резултатите кои ќе потврдат дали и тие се заразени со индискиот сој, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој беше во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).

Филипче не ја откри возраста на пациентите и рече дека ги чекаат епидениолошките анкети.

-Ниту велешанецот, ниту четворицата пациенти за кои се чекаат резултатите не се вакцинира. Пациентот во Велес засега е со лесна клиничка слика, а за другите пациенти се чекаат епидемиолошките анкети, рече денеска Филипче.

06.07.2021 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега