ЦУК со најнови информации: Гори на четири локации
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два под контрола и четири се изгаснати.
Како што стои во соопштението на ЦУК, активни се пожарите во општина Липково кај селото Никуштак каде гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, во општина Струга кај селата Лабуништа и Татеш каде што гори ниска вегетација и во општина Кичево кај селото Грешница каде што, исто така, гори ниска вегетација.
Под контрола, додаваат, се пожарите во општина Берово кај селото Русиново каде што гори дабова и букова шума и папрат и во општина Гази Баба кај Вардариште каде што гори ѓубриште.
– На ден 09.09.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари, под контрола се два, а изгаснати се четири пожари. Активни се: Општина Липково с. Никуштак (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума); Општина Струга с. Лабуништа (ниска вегетација); Општина Струга с. Татеш (ниска вегетација); Општина Кичево с. Грешница (ниска вегетација). Под контрола: Општина Берово Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново (дабова и букова шума и папрат); Општина Гази Баба Вардариште (ѓубриште). Изгаснати: Општина Шуто Оризари ул. Брсјачка Буна (ниска вегетација и ѓубре); Општина Сарај с. Крушопек (ниска вегетација); Општина Студеничани с. Варвара и с. Драчевица (мешана шума и ниска вегетација); Општина Делчево Делчево (депонија), стои во соопштението на ЦУК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа