Д-р Софија Пејкова се повлече од советничката функција во Град Скопје
Директорката на Универзитетската клиника за пластична хирургија и реконструктивна хирургија се повлече од Советот на Град Скопје, објави ТВ 24.
- Се повлекувам од советот на Град Скопје поради зголемен професионален ангажман на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје. - изјави Пејкова за тв 24.
Таа веќе ја доставила и оставката.
09.11.2021 - 20:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа