Мицкоски најави нов договор со друга европска држава

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија на државата посочувајќи дека во мооментот се преговара со седум инвеститори и дека се нудат сите технолошко-развојни зони во државата. Најави наскоро договор со друга европска држава.

-Во моментот имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме во јавност. Се уште не се избрани локациите за три од овие седум инвестиции, а дел од понудата што ја даваме до заинтересираните странски инвеститори се сите технолошко индустриско развојни зони, вклучително и таа во Делчево и таа во Кочани така што ние можеме да дадеме наши лични приоритети, но сепак конечниот збор го имаат инвеститорите, рече Мицкоски.

Во однос на патната инфраструктура и евентуално изградбата на нов експресен пат Делчево-Виница-Кочани, Мицкоски потенцираше дека во моментот се работи на три 3 автопати.

-Очекувам многу скоро да го заокружиме Влада со Влада, договорот со една друга европска држава во која ќе бидат опфатени сите локални, регионални и магистрални патишта, реконструкција на постојните и изградба на нови, рече Мицкоски.

Во делот на новиот повик на Агенцијата за вработување што треба да биде објавен наскоро, а предвидува поголеми мерки со поддршка за младите, премиерот подвлече дека овој повик имал законски усогласувања, кои се поминати или се во фаза на поминување во Парламент.

20.05.2025 - 19:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега