Дачиќ до Заев: Немојте бугарската окупација да ја прогласувате за администрација

Претседателот на српското Национално собрание, Ивица Дачиќ, вели дека македонскиот премиер Зоран Заев не е политички незнајко.

Според него, Заев знаел дека неодамешни изјави за Бугарија не се точни, но му треба согласност на Софија за да почнат со Европската унија.

 Дачиќ реагираше на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија и дека во таа земја имало бугарска администрација за време на Втората светска војна.

-Но, немојте бугарската окупација да ја прогласувате за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер, а ние на југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Со тоа тие плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве Југославија повеќе ја нема, што чекате. Ако се толку желни за прегратка, тие не би ја чекале 2020 година “, рече Дачиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега