Данела Арсовска го доби Уверението: Таа е првата жена градоначалник на Град Скопје

 

Изборната комисија на Град Скопје денес го врачи Уверението за избор на градоначалник на Град Скопје на Данела Арсовска. Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата. 

Во понеделник, на 8ми ноември, 2021 година, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето.

Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7 915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28 130 гласа пред својот противкандидат.

05.11.2021 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега