Данела и Муцунски на кафе со раперот Таско: Еве за што кројат планови

 
 
Независната кандидатка за градоначалник на Грас Скопје, Данела Арсовска, заедно со Тимчо Муцински денеска остварија средба со раперот Таско, известија на социјалните мрежи.
 
„На средбата со музичарот Кристијан Тасковски – Таско, разговаравме за предизвиците со кои што се соочуваат македонските артисти во услови на пандемија.
За мене е важно културната музичка сцена во Скопје повторно да заживее, преку промоција и поддршка на музичарите од нашата земја, со организирање на поголем број културни случувања.
Домашни квалитетни музички имиња има многу, неопходно е да им покажеме дека тие претставуваат вреден елемент од нашето општество“-напиша Данела на Фејзбук.
 

29.10.2021 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега