Демонстранти се судрија со даблинската полиција: Запалија полициски автомобили и автобуси

Демонстранти запалија полициски автомобил и два автобуса и се судрија со полицијата вечерва во Даблин, откако по социјални мрежи се појавија непроверени информации дека напаѓачот кој повреди со нож три лица во градот е странски државјанин.

Шефот на полицијата Дру Харис ги осуди „срамните сцени“ во близина на местото на нападот и предупреди да не се шири „дезинформации“.

Две деца на возраст од 5 и 6 години и маж на возраст од 50 години беа повредени денеска во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин.  Повредените се хоспитализирани во различни болници низ градот.Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен и дека нападот не е извршен од терористички мотиви.

23.11.2023 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега