Мицкоски: Успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри.
– Денес заедно сведочиме на нешто за многумина делуваше веќе невозможно. Ова пуштање на употреба на автопатска делница туку ова е монемт на враќање на вербата доказ дека кога ќе ја превземеме одговорноста со чиста совест и искрена намера, тогаш промените се случуваат. На овој потег на делницата Пресека-Песочани денес се вози по нов автопат, изјави Мицкоски.
Тој потенцира дека само една година откако ја превзедовме одговорност да ја водиме државата. Успеавме да го откочиме еден од најголемите и еден од најзаглавените инфраструктурни проекти во Македонија.
-Проектот кој со години стоеше како симбол на застој, како срамна слика за држава што тапка во место, денес е симбол на новото време. 7 години траеше чекањето, ветувањата без дела, бесцелното трошење време, пари и нерви на граѓаните, изјави Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа