Ден без автомобили – утре повеќе улици низ Скопје со посебен сообраќаен режим

Во текот на утрешниот ден почнувајќи од 11 часот, повеќе улици во центарот на Скопје ќе бидат со посебен сообраќаен режим, поради одбележувањето на Ден без автомобили, настан во рамките на Европската недела на мобилност, а во организација на Град Скопје.

Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-улица „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булевар „ВМРО“, десно по булевар „Партизански одреди“, десно по булевар „8 Септември“ и десно по булевар „Илинден“ до Школката во Градски парк.

-Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

21.09.2021 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега