Десет милиони шишиња и лименки рециклирале граѓаните во земјава за три години


Десет милиони шишиња и лименки се собрани во повратните вендинг машини на „Пакомак“ од нивното поставување во 2021 година, соопштија од Пакомак, којашто е првата компанија за управување, селекција и рециклирање на отпадната амбалажа во државава.

-Ова е голем успех на сите наши сограѓани! Среќни сме што за три години ја постигнавме оваа бројка. Собраните шишиња и лименки во вендинг машините се чист отпад кој потоа може да се рециклира и повторно да се искористи за добивање на пластично шише за пијалок. Важно е дека граѓаните ја препознаваат потребата за паметно управување со отпадот и дека одвојуваат од своето време за рециклирање. Во оваа прилика, изразуваме голема благодарност до швајцарската Амбасада за долгогодишната и континуирана поддршка за нашите заложби, изјавија од „Пакомак“.

Оттаму истакнуваат дека пластичните шишиња и лименки што се одложуваат во повратните вендинг машини можат повторно да се рециклираат во амбалажа, додека ПЕТ пластичното шише може да се рециклира и тој материјал да се искористи за производство на исто такво шише, а со тоа се заштедува околу 60 отсто од емисиите на јаглерод диоксид.

-Тоа се најновите ЕУ стандарди на циркуларната економија и барања кои што треба и ние да ги практикуваме, односно од пластично ПЕТ шише повторно да добиеме ПЕТ шише за иста намена со цел што е можно помалку да користиме материјали од природата за производство на амбалажата, додаваат од компанијата.

Информираат дека сите оние кои сѐ уште не започнале да селектираат пластични шишиња и лименки од пијалаци во повратните вендинг машини тоа можат да го направат со превземање на Пакомак Екомак апликацијата на следниот линк - https://bit.ly/3V2ZdzJ, а на линкот https://bit.ly/4e1g92A, граѓаните можат да се информираат каде можат да ја најдат најблиската повратна вендинг машина на „Пакомак“.

Од компанијата истакнуваат дека и понатаму продолжуваат со ширење на мрежата и поставување на нови повратни вендинг машини низ земјата, како и континуирано да превземаат едукативни акции и кампањи со цел подигнување на јавната свест и едукација за здрави зелени навики и паметно управување со отпадот.

29.05.2024 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега