Деспотовски за изјавата на Габриел: Очекувано разочарување

 

„Очекувано разочарување“. Вака Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ и член на СДСМ ја коментира изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, која кажа дека уставните измени не се единствени пречки за даде зелено светло, туку и Договорот за добрососедство како и двата Протоколи со кои, како што рече, станува збор за три заемно врзани инструменти кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година, во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

„Зашто очекувано? Заради тоа што на секој следен Самит, или на секоја шанса што свесно ја пропуштаме очекувано е дека од бугарска страна ќе има ваков тип на изјави бидејќи очигледно се внатреполитички одлуки“, изјави Деспотовски.

Првиот човек на ТИРЗ додаде дека Македонија не преговара со Бугарија, туку со ЕУ. 

18.12.2023 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега