Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850.000 евра?
Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев и е од марката Рива? Дали истата ја купил 850.000 евра? И на која фирма ја регистрирал? Венко Филипче да го праша Заев како е купена јахтата, и дали се употребени пари од државни тендери? Венко Филипче да им каже и на неговите во партија дека додека тие држат пресконференции за сиромаштија, тој ужива во раскошот на најдобрите пловила на светот, што ретко кој претприемач и бизнисмен од Македонија и регионот може да си го дозволи, а за лекар воопшто не станува збор, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Безпредметно е лицемерието и обидите на лажното душегрижништво од СДС кога нивниот сегашен и поранешен претседател за неколку часа пловење со јахтата трошат една просечна плата само за гориво. И кога следен пат од СДС ќе се загрижат за народот или ќе лажат како тешко се живее нека му се јават на Филипче да го прашаат каде е, да не излезе некоја слика од фотографија од приватен авион, рече Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа