Димитриевски: Македонија не ги исполнува условите за влез во ЕУ

“Нам економијата ќе ни биде во прв план за да се одржи оваа држава и населението на овие простори. Ние мора да ја кренеме економијата, да ги искористиме сите потенцијали и природни ресурси кои ги имаме и со одржлив економски раст и развој да создадеме своја држава која ќе почива на свои вредности и дополнително да го бараме нашиот перспективен пат во Еввропската унија“ рече претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во гостувањето во „Тешки муабети“ на порталот Инфомакс.

Запрашан дали влезот во Европската унија е прашање од национален интерес, претседателот на ЗНАМ, Димитриевски рече

- “Нашата долгорочна цел е членство во ЕУ. Во овој момент Македонија не исполнува голем број од поставените услови за влез, покрај Уставните измени. Во државата дефинитивно има многу корупција, криминал и организиран криминал, кој што е менаџиран од највисоко ниво. Ние сите мора да се бориме против тоа”.

Во однос на проблемот со Бугарија тој рече дека дале предлог како да се надмине проблемот.

“Тој предлог предвидуваше да се изгласаат измените на Уставот, со тоа што нивната имплементација би се направила по полноправното членство на Македонија во ЕУ, за да се заштитиме од дополнителни барања од Бугарија. Прашањето ќе мора да се реши на релација Софија - Скопје. Нема кој друг да го реши.“ истакна Димитриевски.

16.02.2024 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега