Димитриевски: По победата сите идеи дадени во програмите на моите против кандидати ќе бидат имплементирани

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, во вечерашната дебата во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потенцираше дека доколку ја добие поддршката од граѓаните, ќе остави простор за сите идеи кои се дадени во програмите на неговите против кандидати да бидат имплементирани во конечната развојна програма на општина Куманово.

„Во оваа кампања максимално сум задоволен од поголем број на кандидатите како се води кампањата и секако кога ќе ја добијам поддршката од граѓаните ќе оставам простор за сите оние идеи коишто се дадени во програмите на моите против кандидати да бидат имплементирани во
конечната развојна програма на општина Куманово, во период 2021 – 2025 година. Дополнително, ќе дадам и можности на младите кандидати да бидат составен дел на тимот којшто ќе ја реализира програмата“, рече Димитриевски.

Во емисијата, Димитриевски истакна на локалните избори не постојат повеќе мали и големи политички партии, туку постојат големи и мали идеи за граѓаните и за општините.

08.10.2021 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега