Димитриевски: Следува поддршка и помош на локалните туристички агенции

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово од „За наше Куманово” Максим Димитриевски, носителката на листата Ивана Ѓорѓиевска, денеска се сретнаа со претставници на туристички агенции од Куманово и ги слушнаа нивните потреби и ја презентираа програмата со која настапуваат на локалните избори.


Димитриевски најави дополнителен развој на туристичките локалитети во околината на градот, пред сè на Бислимската клисура, но и мерки и поддршка за локалните агенции.

– Во следниот мандат продолжуваме со грижата во секој сектор, вклучително и за развојот на туризмот во Куманово. Ќе стимулираме алтернативен туризам, бањски туризам и ќе продолжиме со развој на спортскиот туризам во Бислимската клисура. Планираме поддршка и помош на локалните туристички агенции, затоа што туризмот е важен за Куманово, рече Димитриевски.

 

13.10.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега