Димитровски: Ковачевски е заложник на Артан Груби, уште пострашно на Румен Радев

Ковачевски е директен заложник на Артан Груби, од една страна, а од друга страна мислам дека Ковачевски е заложник и на Румен Радев што е уште подраматично. Затоа што не видовме баш многу пријателска реторика од Радев, а во овој период после францускиот предлог се велеше дека треба да се релаксираат меѓусебните односи, изјави за Радио Лидер доскорашниот заменик министер за локална самоуправа Зоран Димитровски Жоро од Демократски Сојуз.

Тој потенцираше дека идејата за европски фронт иако изнасилена и е конфротациска за поделби меѓу населението, Македонците не се против Европа туку евроскептични поради односот на Европа кон нас.

Во врска со случајот Пендиков, Димитровски посочи дека тоа не било случајно и дека токму во тој период се погодило да има коалициска средба со Ковачевски и на таа средба токму тие денови Ковачевски раскажал што се случило.

– Ни кажа дека полицијата односно МВР го расчистило случајот и дека станува тепачка за наркодилерство за долг од 500 евра којшто подолго време го барале тепачите и декиа во таа тепачка биле спомнувани и мајки и бугарски, меѓутоа мотивот е нарко бизнис. Кога тоа му го кажавме дека ЈО поднесе за омраза, тој рече дека кога е направена истрагата Министерот за внатрешни работи му јавил на колегата од Бугарија и му го кажал сето тоа. Ова е тоа до што сме дошле, рече Димитровски.

17.02.2023 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега