Димовски: Радев и Борисов го поддржаа предлогот, работата е чиста - нови негации на јазикот и нацијата

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски објави статус на неговиот профил на Фејсбук при што побара Владата на СДСМ и ДУИ да го одбие „Францускиот предлог“.

„Румен Радев и Бојко Борисов денес го поддржаа францускиот предлог за Македонија...
 
Тоа значи дека овој катастрофално лош предлог ќе добие поддршка во бугарскиот парламент...
Веќе работата е чиста...
 
За да се стопира овој предлог, кој ќе значи затворање на европската перспектива на Македонија и отварање на нови негации на македонската нација, јазик и достоинство, единствено нашите државни органи може да постапат...
Владата, итно, денес, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Република Македонија...
 
Доколку Владата превземала обврски спрема меѓународните партнери и не е во можност да го направи тоа, веднаш, без одлагање да побара Собранието да се произнесе и да го одбие овој предлог...
 
Доколку државните органи на Македонија не го направат тоа, веќе и формално ќе е јасно дека нашата држава се согласила на идната национална и државна катастрофа....
П.С. Доста со лажните изговори дека немаат предлог, не го знаат или дека не биле вклучени...“, напиша Димовски.

 

22.06.2022 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега