Димовски: Владата не го испорача ветеното, оставките би го олесниле заедништвото

Владата не го испорача ветеното, затоа сметам дека оставките би го олесниле заедништвото, заради неуспехот во надворешната политика би ги релаксирале односите внатре во државата, без нас се преговараше во Преспа и не сакаме повторување на сценариото, рече Илија Димовски при вечерашното гостување на „Само вистина“.

„Бељата е направена, потребни се луѓе кои што можеби имаат доволно искуство за да ги исцртаат црвените линии за да нема штета по идентитетските прашања. Влада за национал спас ни треба за надминување на политичката, здравствена и образовната криза. Реално е дека нема услови за политичка влада, интензитот на судир во владеачките партии е голем и ќе се зголемува особено до локалните избори догодина. Мора да седнат и да разговараат искрено за проблемите, макар и зад затворени врати, рече Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2020 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега