Додека сите се борат против коронавирусот, оваа пандемија поминува речиси незабележана

 

Додека вниманието во старечките домови и болниците е насочено кон справување со коронавирусот и нејзините последици, други инфективни и опасни микроби отпорни на лекови се појавија во Флорида, Њу Џерси и Калифорнија, како и во Индија, Италија, Перу и Франција заклучија експертите. Авторите на студија која откри нова епидемиолошка закана.

Кога избувна пандемијата на коронавирусот, здравствените работници се фокусираа главно на мерките за превенција на болести како што се чистење на болнички соби, промена на облека и чистење на друга заштитна опрема. Парадоксално, медицинските работници имаа малку време да го следат ширењето на други бактерии среде исцрпната борба против пандемијата на коронавирусот.

Здравствените експерти за Њујорк Тајмс изјавија дека некои организми отпорни на лекови се појавиле повторно, со кои властите се обиделе да се борат уште пред да започне пандемијата, како што е габата „Candida auris“. Според болничкиот епидемиолог од медицинскиот центар Санта Моника во Лос Анџелес, д-р Закарија Рубин, во последно време „цветаат габи“.

Студијата покажа дека по почетокот на пандемијата, имало многу помалку следење на пациентите погодени од овие габи и други микроби. Таквите пациенти се движеле спорадично помеѓу домовите за стари лица и единиците за интензивна нега, придонесувајќи за ширење на микробите.

Авторите, исто така, укажаа на употребата на стероиди за лекување на ковид 19. Иако стероидите може да ги ублажат симптомите на вирусот, тие ќе го остават имунолошкиот систем ранлив на други микроби.

Во текот на изминатата година имало неколку епидемии на микроби отпорни на лекови, за кои се верува дека се предизвикани од ковид 19. Повеќе случаи на габични инфекции се откриени во Индија во декември и во Калифорнија во јуни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега