ДОМ ќе преговара со СДСМ за коалицирање на парламентарните избори

 

Партијата ДОМ ќе преговара со владејачката СДСМ за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. Претседателката на партијата, Маја Морачанин во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител рече таква одлука донел Централниот одбор на ДОМ.

-Извршниот одбор формираше тим за преговори, така што очекувам дека после празниците ќе разговараме со СДСМ, па ќе видиме што ќе биде исходот од тие преговори,рече Морачанин.

На прашањето – зошто ДОМ е сè уште во владината коалиција, иако не се исполнети сите нивни барања, Морачанин кажа дека не се откажале од уставните измени, од една изборна единица и од владеење на правото.

-Европските интеграции се приоритет за ДОМ. Ние сме отсекогаш проевропска партија и тоа ни е еден од главните приоритети, сакаме Македонија да стане членка на Европската Унија и за нас не е важно само полноправното членство, туку самиот евроинтеграциски процес, бидејќи тоа е основната движечка сила за реформите во државата. Тоа е суштинско за нас и затоа инсистираме на што побрзо продолжување на овој евроинтеграциски процес, бидејќи закочувањето на тој процес ќе води и кон закочување на реформите. Апсолутно ќе се согласам за корупцијата дека е огромен проблем во државата и тоа мора да биде врвен приоритет, инсистираме на тоа да се направи ветинг, вели Морачанин.

За ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието.

24.12.2023 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега