ДПА и ДУИ в понеделник потпишуваат договор за заеднички настап на изборите

Некогаш најголем политички опонент на Али Ахмети и ДУИ, претседателот на ДПА Мендух Тачи најави дека на следните избори ќе настапи заедно со ДУИ, а соработката ќе ја потпишат во понеделник.

Договорот, како што вели Тачи е резултат на долги разговори и идеја која постепено се обликувала во последните две години.

Лидерот на ДПА посочува дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, а има  и планови за соработка со турските и босанските партии како и со неколку  здруженија.

„Со господинот Ахмети го склучивме договорот кој ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата во Тетово. Имавме долги разговори, ова беше идеја на господинот Ахмети од пред две години. Оваа идеја полека созрева меѓу ДУИ и ДПА. Во понеделник ќе потпишеме договор и со Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа. Планираме да ни се приклучат и турска, босанска партија како и неколку здруженија“, изјави Мендух Тачи при вчерашното гостување во Клан Македонија.

23.03.2024 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега