ДУИ: Охридскиот договор ја прави Северна Македонија подобро место, но има уште работа
Националната анкета покажува силно прифаќање и поддршка за Охридскиот договор, велат од ДУИ.
71 отсто од Македонците и 59 отсто од Албанците веруваат дека Охридскиот договор го подобри животот на Албанците и другите заедници во северна Македонија, покажа националната анкета на скопскиот Институт за политички истражувања во име на Министерството за политички систем, спроведена телефонски во последната недела во јули и првата недела од август со вкупно 1620 испитаници.
„Анкетата покажува дека 20 години по потпишувањето, граѓаните се уште го прифаќаат Охридскиот договор како основа за мирен, еднаков и подобар живот во нашата земја. И ова покажува дека особено животот на Албанците и другите заедноци во Северна Македонија е подобрен и ние постигнавме еднаквост во многу области.” исталкнува првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.
Македонија стана подобра земја како резултат на Охридскиот договор - 69 проценти од Албанците се согласуваат со изјавата, како и 67 проценти од Македонците што гласаат за СДСМ, додека 86 проценти од етничките Македонци кои гласаат за ВМРО не се согласуваат.
Слични резултати покажува и следнава изјава: „Охридскиот договор придонесе за мир и интеграција во ЕУ и НАТО“. Тука се согласуваат 77 проценти од Албанците и 66 Македонци кои гласаат за СДСМ, додека повторно 85 проценти од гласачите на ВМРО не се согласуваат.
„Без Охридскиот договор, нашата земја не би била таму каде што сме сега: народ во мир со еднакво општество, членка на НАТО и на прагот на Европската унија“, рече вчера Груби.
„Но, ние исто така треба да разбереме дека Охридскиот договор е основата на нашето заедничко општество, на начинот на кој живееме еднакво заедно - за сите нас. Треба да ја надминеме партиската поделба кога станува збор за столбовите на нашата држава. И за да го постигнеме тоа, имаме уште работа “. вели Груби.
Кога станува збор за прашањето која партија може најдобро да ги заштити правата на Албанците и другите заедници, јавноста има јасно мислење:
Кај Албанците 47 проценти велат дека тоа е ДУИ, додека 31 проценти велат дека е Алијанса и Алтернатива, 8 проценти веруваат во БЕСА, СДСМ добива само 1 процентен поен во ова прашање, ВМРО нула.
Разликата е уште појасна кога ќе ги прашате Македонците: Повторно 47 проценти велат дека ДУИ е најдобриот бранител на правата на Албанците, потоа СДСМ со 27 и БЕСА со 8 проценти, додека Алијансата и Алтернатива имаат само 5.
„Можеме да видиме дека владата на СДСМ и ДУИ вкупно има најголема доверба од граѓаните во ова прашање“, заклучува Груби.
„Охридскиот договор е широко имплементиран. имаме повеќе претставници во државните институции од кога било досега и придонесуваме за иднината на Северна Македонија на највисоко ниво. Нема повеќе јаз меѓу етничките групи во Северна Македонија, заедно се движиме кон подобра иднина. Истражувањето покажува дека 20 години по Охридскиот договор, животот на Албанците и другите заедници масовно се подобри. Но, имаме уште работа “, рече Груби, посочувајќи некои прашања што треба дополнително да се подобрат.
Кога станува збор за правно решавање на судските случаи, 23 проценти од Албанците сметаат дека ова е најважното прашање за кое треба да се грижиме, додела 33 проценти од Македонците сметаат дека ова прашање е најитното прашање што треба да се реши.
„Гледаме дека еднаквата правда не е само етничко прашање. Треба дополнително да го подобриме нашиот судски систем и да изградиме доверба во институциите.
Меѓу Албанците, се појавува едно прашање: 33 проценти од Албанците бараат еднакви инвестиции во албанските региони и населби.
„Откако ги воспоставивме основите за еднаквост со законите и еднаквата застапеност, ова е нашата следна задача. Како дел од нашата Зелена агенда, инвестираме во модерна и зелена инфраструктура, што подразбира нови патишта, канализација, снабдување со вода за пиење, управување со отпад, железници, дигитализација и многу други подобрувања низ целата земја, но особено во регионите што беа запоставени во минатото “, истакнува Груби во своите завршни проценки за спроведената анкета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа