ДУИ се откажала од функцијата премиер Албанец, Џафери повторно претседател на Собрание?

Неофицијално, според пишувањата на дел од медиумите, Талат Џафери останува претседател на Собранието, ДУИ нема да добие премиер, но ќе го добие Министерството за внатрешни работи.

Продолжението на конститутивната седница на чиј дневен ред е и избор на претседател на Собранието се планира за в среда (19 август). Ако утре падне конечен договор, мандатарот Зоран Заев до крајот на неделата би ги доставил до парламентот предлог-составот на новата влада и програмата за нејзина работа.

Од СДСМ немаше потврдени информации за ова освен дека во среда е закажан Извршен и Централен одбор на партијата.

Во меѓувреме, новинската агенција „ИНА“ од свои веродостојни извори блиски до првите луѓе на СДСМ дозна дека ДУИ нема да ја добие функцијата премиер, дури ни и една година како што деновиве се шпекулираше.

„Она што е познато е дека Зоран Заев како победник на изборите ќе има целосен мандат како Премиер. Како компромис, ДУИ се согласи да го води Министерството за внатрешни работи и неколку други важни министерства, така што ДУИ ќе има многу поголема моќ во новата влада. Можеби е прифатливо техничкиот премиер да биде предводен од човек на ДУИ 100 дена пред изборите, тоа би било прифатливо за СДСМ. Но, сè уште не можеме да кажеме со целосна сигурност дали СДСМ ќе ја предводи Владата со целосен мандат“, наводно велат за „ИНА“ извори многу блиски до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2020 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега