ДУИ: Со нас Македонија стана пример за регионот
Додека Христијан Мицкоски продолжува со викотници, навреди и провокации во отсуство на каков било конкретен успех на неговата влада, граѓаните јасно гледаат дека единствениот „програм“ што му останал, пред неуспесите на владата што ја предводи, е омразата, потценувањето и осклучувањето на Албанците, клеветите и поттикнувањето на меѓуетничка поделба. Ова го велат денеска од ДУИ.
- Тој вели дека ДУИ имала 23 години да го покаже својот капацитет? Токму во тие години земјата стана членка на НАТО, се доближи до ЕУ, го изгради најфункционалниот модел на мултиетнички соживот во регионот и придонесе за регионалната стабилност преку дијалог и мудрост. Земјата стана пример за регионот. Мицкоски и неговата партија, од друга страна, отсекогаш се идентификувале со меѓуетничка омраза, блокади, изолација и масовна корупција. Тие секогаш биле против секој стратешки напредок на државата, од Охридскиот договор, преку НАТО, до ЕУ. Денес, освен стратешкиот, го изгубија и моралниот компас. Штитејќи ги своите луѓе вмешани во трагедијата во Кочани, подготвени се да ги следат и заплашуваат родителите на жртвите за да ги спасат виновниците. Потценувањето и исклучувањето на Албанците можеби ќе му донесе неколку радикални гласови во неговата партија, но на среден и долг рок тој сее семе на поделба што ќе тежи врз идните генерации. А тоа е историска одговорност што ниту Мицкоски, ниту кој било друг, не може да ја испере со демагогија. Во меѓувреме, неговите албански портпароли го вратија времето на вазалството меѓу Албанците. Но, со тоа само ја зацврстија убеденоста на секој Албанец дека честа и достоинството на нашиот народ не можат да бидат згазени од задоцнети националисти, дискредитирани клептократи, а уште помалку од вазали кои станаа срам за народот. ДУИ останува партија на достоинството, обединувањето и прогресот, велат од партијата.
Додаваат дека нема да дозволат омразата да ја замени надежта, ниту поделбата да го замени начелото на еднаквост.
- Албанците со гордост се соочувале со историјата и ќе се соочат и со овој срамен обид за исклучување, потценување и угнетување. Наредните избори стануваат референдум против изолирана, поделена и корумпирана Северна македонија, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа