Дуровиќ-Чекиќ: Невработеност е на историски најниско ниво, просечната плата континуирано расте

Стапката на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто, истакна Размена Дуровиќ – Чекиќ, претседателка на Комисија за економија на СДСМ.

Како што посочи, економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, а кономијата излегува од кризата витална, развојна и динамична.

„Последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското произвдството од 9,5 отсто. Извозот на стоки во периодот јануари јуни годинава е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто. Сите показатели потврдуваат дека македонската економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст. Уште една потврда за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата оваа година ќе излезе од криза и ќе забележи раст на БДП од 3,7 отсто. Како двигатели на растот се наведени здравото закрепнување на странската потрошувачка и на приватната потрошувачка, што се должи на владините мерки за поддршка на стопанството“, рече Дуровиќ – Чекиќ.

Додаде дека задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коронакризата е од исклучително значење, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата.

28.08.2021 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега