Двајца во ист ден: Уште еден 45-годишен гевгеличанец пронајден починат
Вчера во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Неколку часа подоцна во 16:35 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа