Џафери е на работа, но се уште молчи за Иницијативата за референдум

 

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери веќе е вратен на работните обврски во државата, но се уште молчи во врска со Иницијативата за референдум за поништување на Договорот со Бугарија. 

Во изјавата којашто ја добивме од неговиот Кабинет, велат дека се уште немале информација од Џафери во врска со иницијативата.

„Почитувани, се уште немам информација од страна на претседателот во врска со иницијативата. Штом ќе добијам информација, веднаш Ве известувам“, велат од Кабинетот на Талат Џафери.

 

 

13.09.2022 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега