Џафери и попушти на Левица - Деловникот помина на Комисија
Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно - имунитетни прашања синоќа ја завршија амандманската расправа за Деловникот на Собранието
Според информациите од Собранието, прифатени се околу 12 амандмани од 1965 колку што поднесоа пратеничките групи и Левица. Предлогот се очекува да биде ставен на дневен ред на новата седница закажана за 20 ноември.
Според информациите, новиот деловник нема да ја спречи можноста за филибастеринг бидејќи нема да се огрнаичи траењето на комисиските расправи, што беше и причината поради која Левица го блокираше овој предлог.
Предлагач на Предлог-Деловникот е претседателот на Собранието Талат Џафери, а тој е резултат на неколкугодишни разговори помеѓу пратеничките групи од минатиот и овој перламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа