Џафери им даде рок на партиите: Ако не се договорите за избори сам ќе ги распишам

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова Година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите.
Тој денеска пред новинарите во Форино, објасни дека како Претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое што го пропишува Уставот и законите за да се организираат изборите. Џафери повторно ги повтори роковите но и законската обврска за формирање на техничка Влада пред изборите.
Партиите, најголемите во власта и во опозицијата се поделени околу организацијата на изборите. Власта сака одвоени изборни процеси, односно прво претседателски па неколку месеци подоцна и парламентарни избори. Опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ бара споен изборен процес за да се заштедат десет милиони евра.

 

08.11.2023 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега