Нетанјаху ќе им дозволи на Палестинците да ја напуштат Газа

 

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе им дозволи на Палестинците да го напуштат Појасот Газа, додека војската подготвува поширока офанзива врз територијата.

-Дајте им можност да заминат, пред сè, да ги напуштат борбените зони и генерално да ја напуштат територијата, ако сакаат, изјави Нетанјаху во телевизиско интервју.

-Ќе го дозволиме ова, пред се, во Газа, за време на борбите и сигурно ќе им дозволиме да ја напуштат и Газа, додаде израелскиот премиер, чија влада долго време цврсто ги контролира границите на Газа.

12.08.2025 - 22:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега