Џафери: Нема доволно силни зборови за визионерството на Ахмети - денеска е историски ден
Нема доволно силни зборови за визионерството на Али Ахмети, напиша новиот мандатар на техничката влада Талат Џафери на социјалната мрежа Фејсбук, непосредно пред започнувањето на собраниската седница, којашто има само една точка на дневниот ред - избор на техничката влада.
„Човекот се памети по делата кои ги остава во наследство за идните поколенија и патеките кои ги трасира во историјата. Не постојат доволно силни зборови кои го опишуваат придонесот и визионерството на Али Ахмети во градењето на модерната историја на нашата државата. Денес сведочиме на уште еден историски ден на нас“, напиша Џафери на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа