Џафери се уште ја нема примено Иницијативата на Левица за одржување на референдум

 

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери за Прес24 велат дека се уште не ја примил Иницијативата за одржување на референдум од политичката партија Левица.

„Почитувани, до овој момент претседателот Џафери ја нема примено Иницијативата за одржување референдум од политичката партија Левица. Во моментот кога официјално ќе ја прими Иницијативата ќе Ви испратиме соопштение во кое ќе биде содржан и одговорот на претседателот кон подносителот на иницијативата“, се вели во одговорот од Кабинетот на Џафери.

10.10.2022 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега