Турци се испотепале на скопскиот аеродром
Осум државјани на Турција се уапсени вчера на Меѓународниот аеродром Скопје, откако физички се пресметале меѓу себе, нарушувајќи го јавниот ред и мир. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во 18:19 часот, а по интервенција на полициските службеници приведени се: Ј.А. (36), Д.Ј.Е. (27), Д.С. (36), Д.Х.А (44), Д.Б. (37), Д.Х. (40), Д.А. (66) и Д.М. (62), сите државјани на Република Турција.
Причина за пресметката, според полицијата, биле претходно нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу вклучените лица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа