Драма во Украина: Офицер ја предал земјата - давал информации на Русите
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека офицер од авијацијата кој доставувал на Русија информации за локациите на борбените авиони Ф-16 и Мираж 2000 е уапсен за шпионажа.
Беше наведено дека уапсениот мајор, кој е инструктор по летање, и дал координати на Русија и предложил тактики за напад.
Приоритет на непријателот се аеродромите каде што се наоѓаат авионите Ф-16, „Мираж 2000“ и Су-24, објави СБУ.
Се тврди дека агентот ги собрал координатите на локацијата на авионите и нивните распореди на полетување, како и податоци за персоналот на ВВС и борбени тактики.
30.07.2025 - 20:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа