МЕПСО: Пристигна новиот 400/110 киловолтен трансформатор во ТС Дуброво

 


Во Трансформаторската станица (ТС) Дуброво  денеска беше успешно испорачан новиот 400/110 киловолтниот трансформатор.  Овој  капитален проект е дел од пошироката програма за модернизација, зајакнување и развој на електроенергетската инфраструктура на АД МЕПСО. Новиот уред, како што велат од енергетската компанија, значително ќе придонесе кон постабилно и поефикасно снабдување со електрична енергија за домаќинствата и стопанските субјекти во регионот, бидејќи  со него ќе се подобрат  напонските прилики и ќе се зголеми доверливоста на ТС Дуброво.

ОД АД МЕПСО најавуваат дека во наредните денови ќе започне процесот на инсталација и интеграција на трансформаторот во системот, по што ќе биде пуштен во функција.

-ТС Дуброво е клучен енергетски јазол во електроенергетскиот систем во земјава, а новиот трансформатор ќе овозможи непречено функционирање на системот во наредните  30-40 години. Дополнително, оваа инвестиција ќе создаде подобри услови за интеграција на обновливи извори на енергија, велат од МЕПСО.

Трансформаторот, додаваат, е произведен од реномираната компанија Астор од Турција согласно највисоките технички и безбедносни стандарди.

-Со инсталирањето на овој трансформатор, како и на трансформаторот во ТС Битола 2, АД МЕПСО успешно заокружува два стратешки проекти кои се од круцијално значење за стабилизирање на работата на 400 и 110 киловолтно ниво. Овие инвестиции директно придонесуваат за минимизирање на ризиците од испади и дефекти, како и за зголемување на доверливоста на системот и непречено преземање на електрична енергија од страна на потрошувачите, посочуваат од АД МЕПСО. 

31.07.2025 - 15:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега