Пукање во Скопје
Вчера во с.Долно Количани, општина Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје, ги лишиле од слобода И.С.(48), О.М.(43), М.С.(19) и малолетник, сите од истото село, поради сомнение за нивна инволвираност во кривично – правен настан.
Имено, околу 15.10 часот, по претходна расправија во врска со нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу О.М. и И.С., лицето О.М. со огнено оружје испукал еден куршум во земја, но не го погодил И.С.. откако излегол М.С., синот на И.С., лицето О.М. го напуштило местото додека, подоцна при преземње мерки кај малолетниот син на О.М. бил пронајден куршум.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа