Џафери за ТВ 24: Левица поднесоа 750 амандмани на сопствените амандмани кои веќе им беа прифатени
Талат Џафери претседател на Собранието и кандидат за премиер на техничката влада во емисијата 24 анализа го објасни со скандалот со Левица во Собранието.
- Јас не го прекршив договорот. Ги прифативме амандманите во редовна постапка во прво читање и произлегоа амандманите за второ читање. Во консултации со подносителот на амандманите дојдовме до договор дека ќе бидат прифатени тие амандмани и прифатија дека другите ќе ги повлечат. Дента кога е дополнет дневниот ред со дополнет предлог на Деловник, истиот ден подносителите во претходна постапка на кои им беа прифатени амандманите, поднесоа 750 нови на сопствените амандмани. Факторграфијата е проверлива, сите тие амандмани се ставени на веб страната и затоа не ги прочитав. Има консензус од 108 пратеници и доаѓа еден и крши се. Ние со сите 118 пратеници во Собранието имавме општи консензус дека Деловникот е усогласен. - рече Џафери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа